Простори на конјункција во Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Истанбул, Турција

После Софија и Белград, трета дестинација на патувачката изложба „Простори на конјункција“ е градот на Босфор, Истанбул. На 8 октомври 2025 директорот на Културно информативниот центар Диме Ратајковски и директорот на Националната галерија Али Синани, во 19 часот, во просторот на Центарот, ќе ја отворат изложбата. Проектот „Простори на конјункција“ ја утврдува уметноста како динамичен простор во кој интимните, лични фрагменти се преплетуваат со колективните мемории и културни матрици како театар на тензија и симбиоза. […]