Изложба со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Во Уметничката галерија „Магаза“ во Битола на 23 јули 2015 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, и е во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура. Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската […]