Видеотрилогијата „Анатомија на векот“ на Гоце Наневски во Мала станица

Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 часот .  Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно […]

Годишна изложба на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“

На 13 март (понеделник) од 20.00 часот во објектот Мала станица, при Национална галерија на Македонија ќе биде отворена несекојдневна изложба на дела од ученици по меѓународна матура од средното училиште “Јосип Броз Тито”. Скопската публика ќе има можност да види интересни приоди на 20- ина млади креатори на сопствени светови. Оваа година настапот е јубилеен и се одржува по дваесетти пат, и петти во истиот професионален простор. Со ова се продолжува заложбата на Национална галерија на Македонија да […]

Годишната програма на Националната галерија на Македонија

  Националната галерија на Македонија за 2017 година ќе понуди мошне квалитетна Програма од областа на визуелните уметности, поточно ликовната дејност, издавачката дејност, истражувачки и едукативни проекти, меѓународната билатерална и мултилатерална соработка. Сигурни сме дека оваа Програма ќе ги исполни очекувањата на љубителите на уметноста и целокупната публика, различните таргетни групи, посетители, ќе даде исклучителен придонес во образовниот процес со што ќе се потврди улогата и значението на нашата институција. Меѓу позначајните проекти најнапред да […]

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен. Овие дела, од наши […]

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август. Санјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, […]

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати. Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија. Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со […]

Изложба „Древниот сон“ на Тони Чатлески

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни 2016 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов Древниот сон. Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена низ призмата на надреалноста на сонот. .Древниот сон ги материјализира и ги презентира сите […]

IX Младински пролетен салон

Фотографии од изложбата од IX Младински пролетен салон во Мала станица… Ова се делата од скоро отворениот IX Младински пролетен салон отворен минатата недела.

Afterparty – Изложба на Мето Ангелов

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 25 мај (среда) со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата Afterparty на Мето Ангелов. ANALOG Versus DIGITAL Релацијата на современата уметност и консумеризмот Ана Франговска, куратор Во време на општествено-политичка криза, доба во која постојано се говори за дневни политики и во кое секој е најумен и секој знае сè, Мето Ангелов решава да ѝ се претстави на македонската јавност, по пауза од подолго […]