Изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат
Изложба на уметнички дела и скулптури од областа на визуелните уметности откупени на Конкурсот на Министерството за култура… Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица во вторник, 29.03.2016 во 12 часот ке биде отворена изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности, откупени на Конкурсот на Министерството за култура во 2015 година. Изложбата ке трае од 29.03. – 06.04.2016 ________________________ Поставка…
Изложба Есенција на егзистенцијата на 25 македонски современи уметници
Во галеријата Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 декември 2015 (вторник) во 20.30 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб каде имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а за следната година пoстои интерес изложбата да патува и во други галерии и музеи од регионот. „Есенција на егзистенцијата“ е […]
Изложба на дела од детската ликовна работилница „Детска радост“
Во Националната галерија на Македонија, објектот Чифте амам во првата половина на месец декември во рамките на програмските активности на едукативното одделение беше организирана креативна ликовна работилница инспирирана од делата на нашата позната уметница Жанета Гелевска под наслов „Детска радост“. Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При тоа авторката емитува уметност на радост, на животот и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба од дружење […]
Изложба на Маневски и Шумковски „Две изложби, а еден настан“
Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија на 10 декември 2015 година (четврток), во 19 часот во објектот Мала станица ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Две изложби, а еден настан“. Благоја Маневски и Јован Шумковски се клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во […]
Системски матрикс или матрикс во системот
Во една држава постои таксативна класификација на организми (институции, тела) кои се дел од системот и кои функционираат според одредени правила на игра наложени од највисоките владеачки елементи во хиерархиската организираност. Сите ние сме дел од таквите системи (своевидни манипулирани марионети) во кои треба да се вклопиме и да функционираме по зададени принципи и норми. Честопати неможеме да се вклопиме во калапите, се чувствуваме заробени и загрозени, нашиот интелект и здраворазумско резонирање потценето и навредено, […]
Mултимедијална инсталација под наслов „12:05“ на Борис Шемов
Во вторник (1. 12. 2015 година) во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде поставена мултимедијалната инсталација под наслов „12:05“ на авторот Борис Шемов. Овој Проект ќе може да се проследи и во наредните два дена на 2-ри (среда) и 3-ти (четврток) декември од 18 до 20 часот. Проектот на Шемов претставува мултимедијален, визуелен и перформативен експеримент во кој сржта лежи во концепциската синестезија. Тој креира визуелни дразби кои според […]
Looking At Nothing (Desire In The Future) во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 23-ти ноември 2015 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов Looking At Nothing (Desire In The Future) … Looking At Nothing – Desire In The Future Меѓународната групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, […]
Изложбата „Utopia = Good Place or No Place“ во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 20 октомври 2015 година, (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов „Utopia = Good Place or No Place“ на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, Нино Ломадзе – Грузија и гости на БАУМ од Македонија: Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ. Овој проект цели кон делумно […]
Изложба на Јасмина Новковска во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 октомври 2015 година (сабота), во 20 часот ќе се отвори изложба на Јасминка Новковска со наслов Во кој свет живееме?. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси: 1. Филмска уметност (,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“) 2. Портрети на многу душевно болни луѓе 3. Портрети на многу луди луѓе 4. Луѓе од вселената, луѓе-инсекти 5. Човек […]
“Кога традицијата е (женски) императив: разговори за минатото, денес” во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 17 септември 2015 година (четврток) во 20 часот ќе се отвори изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева со наслов. Марјана Костојчиноска Узунчева надоврзувајќи се на претходните искуства и истражувања во обликувањето на ликовното делото и потрагата по сопствено визуелно изразување, твори дела кои се логично продолжение на размислувањата за дефинирање на уметничкиот продукт. Творештвото на Костојчиноска Узунчева е интимна исповед за едно минато време, сеќавање и спомени, […]