Јубилејна изложба – 55 Години творештво на Борис Николоски
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 10 јуни 2015 година (среда) во 20 часот, ќе се отвори јубилејна изложба 55 Години творештво на Борис Николоски. Кариерата на скулпторот Николоски започна во 1959 кога тој почна да ги користи методите предложени од неговиот професор Франтишек Смерду (на Словенската Академија за ликовна уметност). Заробени во наставните програми, неговите скулптури (најчесто портрети во мермер, камен, понекогаш во метал) имаа интимни и камерни атрибути. Бранот на […]
Минијатура – VIII Младински пролетен салон во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 5 јуни 2015 година, во 19 часот, ќе се отвори VIII Младински пролетен салон на тема Минијатура. Изработката на едно ликовно дело е сложен творечки процес (скицирање, цртање, поставување, реализација, анализа) и без разлика дали се работи за огромна површина на зид или платна, или сосема мало уметничко парче, потребно е да се вложат исклучителни напори и креативност во процесот. Проблемот на обработка е перспективата, мотивот, […]
Изложба на Славчо Соколовски “Моето име е емигрант”
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 мај 2015 година (петок), во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на Славчо Соколовски со наслов Моето име е емигрант. „… Првично, по преселувањето во Америка во 2000 година, Славчо Соколовски продолжува со создавањето уметнички објекти, користејќи слични видови материјал (како во неговото дотогашно творештво – н.з.), кои ги пронаоѓа низ улиците на Бостон и Кембриџ, Масачусетс. Животот во Америка се случува на улица и […]
Поставка – “Во прво лице”
Презентиран проектот под наслов „Во прво лице“ на која ќе бидат претставени 22 современи македонски уметници: Методи Ангелов, Јован Балов, Атанас Ботев, Гордана Вренцоска, Горанчо Ѓорѓиевски, Велимир Жерновски, Јана Јакимовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски, Ѓорѓе Јовановиќ, Верица Ковачевска, Љубомир Милошески, Ангел Миов, Моника Мотеска, ОПА, Ирена Паскали, Зоран Попоски, Нада Прља, Игор Сековски, Александар Спасоски, Дијана Томиќ Радевска и Микица Трујкановиќ.
Проектот „Во прво лице“ во Мала станица
Во Мала станица на 17 април 2015 година (петок), во 20.00 часот, ќе биде презентиран проектот под наслов „Во прво лице“… Во НУ Национална галерија на Македонија, објект Мала станица на 17 април 2015 година (петок), во 20.00 часот, ќе биде презентиран проектот под наслов „Во прво лице“ на која ќе бидат претставени 22 современи македонски уметници: Методи Ангелов, Јован Балов, Атанас Ботев, Гордана Вренцоска, Горанчо Ѓорѓиевски, Велимир Жерновски, Јана Јакимовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски, […]
Националната галерија на Македонија со богата програма и значајни проекти
Изминатата година во објектот „Мала станица“ беше извршена целосна реконструкција на системот за греење и ладење, што беше неопходно за самиот простор, како и реконструкција на предната фасада на објектот со цел просторот кој е наменет за најразлични галериски перформанси и промоции да биде ставен во функција на уметниците … Повеќе значајни проекти се реализирани во изминатиот период во Националната галерија на Македонија, чија основна дејност е колекционирањето, негувањето и презентацијата на ликовното творештво. Два […]
Изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 декември 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, со наслов Сите сме еднакви. Во таа насока Националната галерија на Македонија преку изложбата ,,Сите сме еднакви,, го одбележува Меѓународениот ден на лицата со посебни потреби каде е преставено творештвото на учениците од неколку училишта. Тие на најискрен начин ни ги испраќаат основните вредности на […]
VI Младински пролетен салон
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 25 ноември 2014 година, во 19 часот ќе се отвори VI Младински пролетен салон. Барок, класицизам, модернизам, постмодернизам, футуризам, Скопје 2014, нови фасади, минато, сегашност и иднина… Термините што многу често го слушаме во последно време. Доживувањето на еден град се сведува на различни погледи од исто толку индивидуи, а не се прост збир на хоризонтали и вертикали Да сте архитект, или да бидете во ситуација […]
“Космички пејзажи” на Дејан Иванов – Маргуш во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 18 ноември 2014 (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Дејан Иванов, со наслов Космички пејзажи. Дејан Иванов – Маргуш како ликовен уметник не е фигуративен исто и како и неговиот ликовен свет. Тој е апстрактен и неговата експресија е речиси целосно одраз на спонтан несвесен ониризам на битието. Овој наш сликар повеќе сака да насетува отколку да дефинира. На свој начин ониризмот како […]
„Траги“ на Михаела Јовановска – поставка
Изложбата под наслов „Траги“ на Јовановска, формално може да се дефинира како амбиентална инсталација составена од повеќе сегменти, во која позиционираноста на делата во просторот провоцираат посакувана непосредна интеракција со набљудувачот. Од круцијален интерес за Јовановска е човекот и неговата мисла, физичката минливост во времето и просторот и емоционалната фрагилност, трансферирани симболично во реализацијата на делото преку материјалот со сите негови специфики (плексиглас и транспарентна безбојна фолија кои нудат проѕирност и цврстина) и постапките на […]