„Траги“ на Михаела Јовановска – поставка

Share Button

Изложбата под наслов „Траги“ на Јовановска, формално може да се дефинира како амбиентална инсталација составена од повеќе сегменти, во која позиционираноста на делата во просторот провоцираат посакувана непосредна интеракција со набљудувачот.

mia jovanovska 1

Од круцијален интерес за Јовановска е човекот и неговата мисла, физичката минливост во времето и просторот и емоционалната фрагилност, трансферирани симболично во реализацијата на делото преку материјалот со сите негови специфики (плексиглас и транспарентна безбојна фолија кои нудат проѕирност и цврстина) и постапките на изработка кои ги користи (сечење, боење со безбојна и бела боја, врежана линеарност/мекост).

 

Share Button