„Траги“ самостојна изложба на Михаела Јовановска
На 6 ноември 2014 година (четврток), со почеток во 20 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Мала станица, ќе биде претставена самостојната изложба на Михаела Јовановска под наслов „Траги“. Изложбата под наслов „Траги“ на Јовановска, формално може да се дефинира како амбиентална инсталација составена од повеќе сегменти, во која позиционираноста на делата во просторот провоцираат посакувана непосредна интеракција со набљудувачот. Од круцијален интерес за Јовановска е човекот и неговата мисла, физичката минливост […]