„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.  

Прес по повод изложбата „Копнеж по реалното“ во Чифте амам

Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 јули 2013 година (понеделник) во 11 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.