Изложба на Славчо Соколовски “Моето име е емигрант”

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 мај 2015 година (петок), во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на Славчо Соколовски со наслов Моето име е емигрант. „… Првично, по преселувањето во Америка во 2000 година, Славчо Соколовски продолжува со создавањето уметнички објекти, користејќи слични видови материјал (како во неговото дотогашно творештво – н.з.), кои ги пронаоѓа низ улиците на Бостон и Кембриџ, Масачусетс. Животот во Америка се случува на улица и […]