Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“. Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство […]