„(По)трагите на водата“ – Акварелот од колекцијата на НГМ во Софија

Во Културно- информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, на 7 април 2016 година (четврток) во 18:30 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место, такашто со оваа изложба се презентира избор на дел од уметничките дела остварени во оваа ликовна техника. Овој проект беше замислен како изложба […]