Изложба на Зени Балажи – поставка
Зени Балажи е професор по Концептуална уметност на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, реализирал повеќе изложби во Европа, изработил сценографии за повеќе од 10 филмови, стотици дизајни итн… Изложбата ја сочинуваат разновидните искуства на современата уметност како што се: сликарство, видео-инсталација и презентација на сите нови мултимедијални техники на визуелната уметност. Во овој состав се опфатени новите културни и уметнички наследства, унапредувани во современа, модерна креација и визуелна техника.
Изложба на Зени Балажи во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на ден 17.10.2014 год. (петок) во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на Зени Балажи. На оваа изложба Зени Балажи ќе се претстави со 7 инсталации кои по својата стилска определба припаѓаат во мултимедијалниот или интердисциплинарниот ликовен дискурс. Различните медиуми на изразување како што се сликарството, фотографијата, архитектурата, инсталацијата итн се само алатка на визуелизација на концептуалните идеи за себерефлектирањето каде визулниот мотив во концептуалниот уметнички дискурс […]