Засадување на садници во дворот на Даут пашиниот амам – Парк на уметноста
Во Националната галерија на Македонија по повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, на ден 27 ноември 2013 година (среда), во 12 часот ќе се приклучи кон оваа еколошка акција на засадување на садници во дворот на Даут пашиниот амам со акција на воспоставување на Парк на уметноста.
Имено со акцијата на засадување на садници, инспирирана од творештвото на интерационални и македоски уметници кои со чин на засадување на дрвја дадоа придонес кон уметничко делување воопшто, НГМ покренува иницијатива за формирање на Парк на уметноста со што ќе се оддаде почит кон уметноста и уметиците кои ги поставија корењата и ризомите на македонската ликовна уметност.
Во прилог на претходно кажаното ги посочуваме примерите на Џон Ленон и Јоко Оно кои во 1969 година, пратија по два дабови садници на 50 државници од целиот свет, со молба да ги засадат за мир во светот, меѓу кои и на тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, од кои изникна само едно дабово дрво. Во 1982 година на Документа 7 во Касел, Јозеф Бојс со помош на волонтери засади 7000 дабови дрвја, секој придружен со базалтен камен во својот проект 7000 Oaks. Во 1981 година Јоко Оно во чест на Џон Ленон и нивните мировни активности го започна проектот Дрво на желбите, а до денес се собрани 700 000 мировни пораки. Во македонската уметност забележителен е проектот Калемење на Славица Јанешлиева, во кој посадувањето на млади фиданки говори за еден период од македонската историја и lend art инсталацијата со врби насовена Вера, Надеж и Љубов на Искра Димитрова поставена во водите на реката Вардар во Скопје.
Се покануваат сите медиуми, уметници, љубители на уметноста и природата и сите поддржувачи на оаа иницијатива и акција да земат учество во основањето на Паркот на уметноста во дворот на Даут пашиниот амам, на 27 ноември 2013 година (среда), со почеток во 12 часот.