„Зошто Бостание?“ каталог

Share Button

Почитувани, Во јуни 2024 година во Националната галерија беше реализиран еколошкиот проект поврзан со општествено урбаната градина БОСТАНИЕ под наслов „Зошто Бостание?“.

Глобалната еколошка криза – климатските промени, нарушената рамнотежа и загадувањето на еко системот, е реалност на современото општество. Од година во година проблемите се повторуваат, напластуваат, се појавуваат нови и се чини дека се подлабоко навлегуваме во еден маѓепсан круг од кој нема враќање назад. Оттука се јави и потребата да на едно место ги забележиме активносите кои беа реализирани во овој проект, во еден ваков формат кој ќе соодветствува на еколошкиот момент и воедно да потсетиме дека грижата за нашето опкружување треба да биде наше секојдневие.

Каталог: PDF

ЗОШТО БОСТАНИЕ? претставува проект во кој се вклучени поединци кои, со своето работење во насока на зачувување на чиста и здрава средина подобра за живеење, а се веќе препознатливи кај нас. Националната галерија, како културна и образовна институција која е активна и во оваа насока, овој пат беше присутна во „Бостание“ (првата општествена градина) со работилница со ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, а потоа во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ е пренесено „Бостание“ преку еден разговор, перформанс и видеопроекција.

Проектот го сочинуваат два дела:
Во општествената градина „Бостание“ е спроведена работилница со учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, кои имаа можност да се запознаат со приказната за настанокот на „Бостание“, а потоа и директно да се впуштат во изработка на мали топчиња од глина, хумус и семе за ливадски цвеќиња. Сето ова беше проследено со безброј прашања од нивна страна. Одговорите ги добиваа од Зорица Зафировска и Димитар Самарџиев, кои им одговараа на секое поставено прашање.
Вториот дел од проектот се реализираше во објектот „Мала станица“, на 6.6.2024 г. со разговор посветен на општествената градина „Бостание“ (кој отвора многу прашања поврзани со екологијата), со учество на Зорица Зафировска, уметник, активист и перформанс на Димитар Самарџиев, како и видеопроекција за целиот проект подготвена од страна на Кирил Шентевски. Модератор на разговорот беше Катарина Богоева, новинарка, која со години ги следи случувањата во полето на екологијата.

Share Button