Поставка – “Во прво лице”

Презентиран проектот под наслов „Во прво лице“ на која ќе бидат претставени 22 современи македонски уметници: Методи Ангелов, Јован Балов, Атанас Ботев, Гордана Вренцоска, Горанчо Ѓорѓиевски, Велимир Жерновски, Јана Јакимовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски, Ѓорѓе Јовановиќ, Верица Ковачевска, Љубомир Милошески, Ангел Миов, Моника Мотеска, ОПА, Ирена Паскали, Зоран Попоски, Нада Прља, Игор Сековски, Александар Спасоски, Дијана Томиќ Радевска и Микица Трујкановиќ.  

Проектот „Во прво лице“ во Мала станица

Во Мала станица на 17 април 2015 година (петок), во 20.00 часот, ќе биде презентиран проектот под наслов „Во прво лице“… Во НУ Национална галерија на Македонија, објект Мала станица на 17 април 2015 година (петок), во 20.00 часот, ќе биде презентиран проектот под наслов „Во прво лице“ на која ќе бидат претставени 22 современи македонски уметници: Методи Ангелов, Јован Балов, Атанас Ботев, Гордана Вренцоска, Горанчо Ѓорѓиевски, Велимир Жерновски, Јана Јакимовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски, […]

Поставка – Изложба од Конкурсот за откуп на ликовни дела

Најголемиот дел од откупените дела се наменети за збогатување на збирките и поставките на Музејот на современата уметност и Националната галерија на Македонија. Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 уметнички дела, од различни визуелни медиуми: слики, скулптури, објекти, инсталации и видео инсталации од повеќе еминентни автори, како од постарата, средната, како и од помладата генерација уметници со цел поттикнување и стимулирање на нивниот иден творечки развој. […]

“Сите бои на љубовта” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 април 2015 година (среда), во 14 часот, ќе се отвори изложбата Сите бои на љубовта, изложба подготвена по повод Месецот на аутизмот. Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост. Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие […]

Одаловиќ и Милатовиќ – поставка

Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во просторот, кој го опфаќа централниот мотив – симплегма на човековата фигура/креатури и елементи на машинската индустрија. Некогаш се сведени на изолирани карикатурални ликови со модификувани внатрешни организми или […]

Изложбата на Томе Мишев во КИЦ Софија

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 1 април 2015 година (среда) во 18:30 часот во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори изложбата на Томе Мишев. Изложбата на Томе Мишев во Софија, Бугарија, наш македонски современ уметник повторно наведува дека нашата земја е расадник на големи уметници со индивидуална вокација кои со силата на својот изворен талент успеале да се вклучат и во ексклузивниот сегмент на европоската уметност. Томе […]