Изложбата на Томе Мишев во КИЦ Софија

Share Button

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 1 април 2015 година (среда) во 18:30 часот во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори изложбата на Томе Мишев.

mishev
Изложбата на Томе Мишев во Софија, Бугарија, наш македонски современ уметник повторно наведува дека нашата земја е расадник на големи уметници со индивидуална вокација кои со силата на својот изворен талент успеале да се вклучат и во ексклузивниот сегмент на европоската уметност. Томе Мишев е секако еден од нив кој како номад лута по минатото како би нашол поттик за создавање на своите нови светови, а на искуството од претходниците.

Мишев силно субјективно, промислено ја реинтерпретира традицијата водејќи сметка за личната поетика и сопствените ставови и своите чувства. Неговото дело најблиску е до експресионизмот на новиот тип кој се темели на најубавите традиции, а истовремено ги прислушува сигналите на своето време. Инспиративните поттици го одразуваат поднебјето од кое потекнува (македонското) богато со боја, топлина, раскошна светлина што сонцето несебично му ја дарува. За него поднебјето не е само пејзаж, туку тоа се и ликови кои се инкорпорирани на таков начин во просторот и атмосверата…

Томе Мишев е роден во 1958 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Струмица, Кавадарци, Неготино, Куманово, Сараево, Бања Лука, Венце, Нирнберг, Софија…

Изложбата ќе ја отворат г-ѓа Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија, г-дин Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија, Бугарија и г-дин Љупчо Маленков, виш кустос во НГМ.

_____________________________________________

Share Button