Изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски во КИЦ Софија

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, за меѓународна соработка во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија на 16 ноември 2015 година (понеделник) во 18 часот ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Ретро-спекции“. Ретроспекции Ана Франговска Благоја Маневски и Јован Шумковски се едни од најафирмираните и клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности […]

Изложбата на Томе Мишев во КИЦ Софија

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 1 април 2015 година (среда) во 18:30 часот во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори изложбата на Томе Мишев. Изложбата на Томе Мишев во Софија, Бугарија, наш македонски современ уметник повторно наведува дека нашата земја е расадник на големи уметници со индивидуална вокација кои со силата на својот изворен талент успеале да се вклучат и во ексклузивниот сегмент на европоската уметност. Томе […]

Изложба на Илија Кавкалески во КИЦ Софија

 Изложба на Илија Кавкалески со наслов Акварели во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија … Во организација на Националната галерија на Македонија на 29 април 2014 година (вторник) во 18.30 часот во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори изложба на Илија Кавкалески со наслов Акварели. Илија Кавкалески – Кавкале целиот живот создава дела во кои се вткаени неговите емоционални чувства. Уметност искрена и чиста, ослободена од секаква […]

Изложба на Станко Ѓорѓиев во КИЦ Софија

Почитувани, Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, ќе се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев. Од првите свои настапи во јавноста до денес, Станко Ѓорѓиев истрајно чекори по својата лична патека, разработувајќи и збогатувајќи го во бројни варијанти она што го изнесе на својата прва изложба. Презентираните дела се резултат на долг работен процес, […]