За објавените конкурси на Националната галерија

Конкурсите кои Националната галерија на Северна Македонија ги објави пред еден месец, Конкурс за зрел уметник и конкурс за млад уметник предизвикаа голем интерес. До крајниот зададен рок (20 јули) на адресата на галеријата аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за другиот конкурс, за млад уметник. Особениот интерес го потврдува фактот дека на ликовната фела, после долг временски период им беше понуден професионален повик отворен за сите, чии селектори […]

Конкурс за зрел уметник

Националната галерија упатува отворена покана до визуелните уметници… На овој конкурс ќе може да се пријават сите уметници над 35 годишна возраст со постојано место на живеење на територијата на Р.С.Македонија (од најмалку три години). Проектот ќе треба да го реализираат во мултимедијалниот објект Мала станица во ноември – декември 2020 година. Уметникот/уметницата кој/а ќе биде избран/а да ја реализира изложбата ќе добие 50.000 денари хонорар за изработка на делото, и буџет од 100.000 денари […]

Конкурс за млад уметник

Националната галерија со отворена покана за реализација на изложба на млади визуелни уметници . На овој конкурс ќе може да се пријават уметници до (и) 35 годишна возраст (до денот на пријавувањето на конкурсот да немаат повеќе од 35 години), со постојано место на живеење на територијата на Р.С.Македонија (од најмалку три години). Повикот е за сите млади уметници кои имаат идеја да реализираат проект во мултимедијалниот центар Мала станица, во периодот окт-ное 2020 година. […]

Програма на Националната галерија за 2020 година

Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и социјалните мрежи. Затекнати во услови на светска криза на културна понуда направивме презентации на ремек делата од нашата Колекција со различен тематски пристап. Го одржуваме контакот со публиката анимирајки ја со поинаков пристап диктиран од реалните, тековни услови и можности. Сепак, неминовно беше да пристапиме кон реализација на програмските содржини […]