Решат Амети – 30 Години творештво

Со изложбата најавена за октомври 2020 година во Националната галерија, академскиот сликар Решат Амети одбележува 30 години творештво, односно 30 години од неговата прва самостојна изложба која ја договорил како студент, пред дипломирањето, а ја реализирал веднаш по дипломирањето, во 1990 година, во галеријата Киви во Виена, Австрија. Од тогаш па до денес, неговото творештво е презентирано низ целот свет, на сите континенти. Неговиот сликарски ракопис е присатен во државни и приватни колекции. Творештвото на […]

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Селекцијата за избор на победници на Конкурсите за млад и за зрел уметник, проекти во организација на Националната галерија завршија со одржаната (видео)конференција со меѓународната стручна комисија во состав: проф. Миодраг Шуваковиќ, Арта Агани Буњаку и Роман Урањек. Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од страна на комисијата, по што беа сумирани резултатите и беше дискутиран финалниот избор. Комисијата имаше мошне слични ставови во изборот. За победници на конкурсот […]

Мице Јанкуловски Мицко – Самостојна изложба 50-години творештво

Од 18 – 28 август 2020 во мултумедијалниот центар на Националната галерија, објект „Мала станица“ ќе биде поставена самостојна изложба на уметникот МИЦКО Мице Јанкуловски по повод 50-години од неговото творештво. МИЦКО Мице Јанкуловски уште од најрана возраст започнува со сликарство и паралелно е многу активен на полето на цртежот, изложбената карикатура и сатиричното сликарство на стакло. Работата на анимирани филмови и пишувањето на палиндоми се истражувања преку кои ја задоволувал својата љубопитност и желба […]

Протоколи за посета во објектите на Националната галерија

Протоколи за посета во објектите на Националната галерија, согласно со препораките кои нашата институција ги доби. Повелете во наите објекти. Во Даут пашиниот амам може да ја погледнете постојаната поставка и да ја посетите нашата специјализирана продавничка. Во Чифте амам, имате три изложби истовремено, во целиот објект. Во Мала станица, има изложба на стари архивски фотографии од Првата светска војна, од Роберт Јанкуловски.  Ве очекуваме!