Парк на уметноста во Националната галерија на Македонија (фото)
Фотографии од акцијата на воспоставување на Парк на уметноста. По повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, која се одржа на 27 ноември 2013 година (среда) во дворот на Даут пашиниот амам во Националната галерија на Македонија. Во акцијата на создавањето на Паркот на уметноста учествуваа уметници, историчари на уметноста, екологисти и љубители на уметноста. Имено со акцијата на засадување на садници, инспирирана од творештвото на интерационални и македоски уметници (Јозеф Бојс, Јоко Оно и Џон […]
Засадување на садници во дворот на Даут пашиниот амам – Парк на уметноста
Во Националната галерија на Македонија по повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, на ден 27 ноември 2013 година (среда), во 12 часот ќе се приклучи кон оваа еколошка акција на засадување на садници во дворот на Даут пашиниот амам со акција на воспоставување на Парк на уметноста. Имено со акцијата на засадување на садници, инспирирана од творештвото на интерационални и македоски уметници кои со чин на засадување на дрвја дадоа придонес кон […]
Нафи Јашари и Џелил Руфати во Чифте амам (поставка)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, од 12-25 ноeмври 2013 година, се одржа изложба на Нафи Јашари и Џелил Руфати.
„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана […]
„Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 04.11.2013 година беше отворена изложбата „Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)“. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската јавност, покрај познатите и објавени дела, поставени се и досега неизложени дела, позајмени од јавни и […]
Јубилејна изложба на Мартиноски во Даут пашин амам (поставка)
На 22 октомври 2013 во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973). Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како составен дел на националната култура […]
Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува […]
Отворена изложбата на Нафи Јашари и Џелил Руфати во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (вторник, 12 ноeмври 2013 година), се отвори изложба на Нафи Јашари и Џелил Руфати.
Нафи Јашари и Џелил Руфати изложуваат во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 ноeмври 2013 година (вторник), во 19.30 часот ќе се отвори изложба на Нафи Јашари и Џелил Руфати. Експериментирањето на Нафи Јашари со разни техничко – технолошки методи при обликувањето на графичкиот лист, овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Без оглед за која графичка техника да станува збор, Јашари секогаш посветено ги истражува можностите и границите на овој медиум, доведувајќи ги истите до совршенство, […]
(фото) Отворање на изложбата “Леб и сол” во Виена
Фотографии од отворањето на изложбата Леб и сол, во организација на Националната галерија на Македонија, која се отвори во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), на која изложуваат 12 македонски уметници. Изложбата предизвика голем интерес кај австриската публика со голема посетеност и позитивни критики од стручната фела и Министерството за образование, култура и наука на Австрија. Поради сето ова се отпочнати разговори за продолжување на идни соработки на размена на уметници […]