(фото) Отворање на изложбата “Леб и сол” во Виена
Фотографии од отворањето на изложбата Леб и сол, во организација на Националната галерија на Македонија, која се отвори во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), на која изложуваат 12 македонски уметници.
Изложбата предизвика голем интерес кај австриската публика со голема посетеност и позитивни критики од стручната фела и Министерството за образование, култура и наука на Австрија. Поради сето ова се отпочнати разговори за продолжување на идни соработки на размена на уметници и понатамошна соработка меѓу Македонија и Австрија.
На отворањето на изложбата говореа Норберт Риедел, поранешен раководител при австриското Министерство за образование, култура и уметност, Карин Зимер, сегашен раководител на Секторот на меѓународна соработка при Министерството за образование, култура и уметност на Австрија, г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија и г-а Хилда Колевска од Аташето за култура во Амбасадата на Република Македонија во Австрија. На отворањето на изложбата присуствуваше и Ханспитер Хубер, директор на Директоратот за меѓународна соработка при Министерствот за образование, уметност и култура на Австрија.
Куратор на изложбата е Ана Франговска.