Промоција на монографија „Вељо Ташовски, живот и творештво“
На 1 јуни 2017 год. (четврток), во 12:30 часот во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се реализира промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Проф. Д-р Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обрати промоторот господин Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на […]
Европска ноќ на музеите 2017
Националната галерија на Македонија оваа година е дел од европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година. Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители. Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а […]
Годишен план за јавни набавки во 2017
Годишен план за јавни набавки во 2017 година на НУ Национална галерија на Македонија – Скопје
Одбележување на Светскиот и Европскиот ден на музеите
Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај – Меѓународниот ден на музеите“. Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ (Museums and contested histories: Saying the unspeakable in museums). Оваа тема се фокусира на улогата на музеите кои, работејќи за […]
„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија
По повод „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност. Прв настан, промоција на монографија На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. […]
Видеотрилогијата „Анатомија на векот“ на Гоце Наневски во Мала станица
Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 часот . Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно […]