Изложба на Петре Николоски “БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)”
Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната јубилејна програма по повод чествувањето на 70 години од постоењето, како завршна манифестација ја најавува изложбата на Петре Николоски насловена ” БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)” која ќе се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам, во 19.00 часот. Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко – дискурзивен наратив […]
Ретроспективнa изложба на Танас Луловски Тане во Даут пашин амам
НУ Национална галерија на Македонија, во рамките на својата Годишна јубилејна програма за 2018 година, ја најавува Ретроспективнaта изложба на Танас Луловски Тане, како еден од доајените на македонското современо сликарство, кој даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Изложбата ќе биде отворена на 20ти декември во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашиниот амам. Танас Луловски е роден на 20 февруари 1940 год., во […]
„Почетоци за паметење” 1948-1956
Со особено задоволство Ве информираме дека на 5 декември 2018 год. (среда), во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „Почетоци за паметење” 1948-1956 (изложба од архивата на Национална галерија на Македонија) која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”. На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со […]