Националната галерија со титула за Сајт на годината за 2019 година

Националната галерија ја доби титулата за Сајт на годината за 2019 година во конкуренција на владини и државни институции. Наградата е доделата од страна на манифестацијата Сајт на годината на Медиа солушнс која се одржа годинава по 10ти пат. Наградата во името на Институцијата ја прими колегата Александар Ристевски кој во измнинатите 10 години се грижи за одржување на нашата веб страница и социјалните медиуми, и се грижи за правовремено информирање на јавноста за активностите […]

Изложба на Кристина Пулејкова во Чифте амам

Изложбата „Свадбен пат“ на авторот Кристина Пулејкова, ќе се отвори во четврток (19 декември) со почеток во 19 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Скопската чаршија. За изложбата кураторот на истата, вишиот кустос Ана Франговска, вели: Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно […]

Изложба на црногорскиот уметник Џељош Џокај

Изложба на црногорскиот артист Џељош Џокај во Мала станица, на 20 декември (петок) во Мала станица, од 20 часот… Џељош Џокај е црногорски уметник со албанско потекло, кој припаѓа на генерацијата на уметници на Владимир Величковиќ и Душан Џамоња, генерација која не сака да заборави и се раздели од претходната, од надреалистичката, т.е онаа на Ступица и од апстрактната на Лубарда. Блиска му е естетиката на руралниот социјален реализам, а потоа и онаа на градскиот […]