(фото) Отворање на изложбата “Леб и сол” во Виена

Фотографии од отворањето на изложбата Леб и сол, во организација на Националната галерија на Македонија, која се отвори во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), на која изложуваат 12 македонски уметници. Изложбата предизвика голем интерес кај австриската публика со голема посетеност и позитивни критики од стручната фела и Министерството за образование, култура и наука на Австрија. Поради сето ова се отпочнати разговори за продолжување на идни соработки на размена на уметници […]

„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.

Прес по повод изложбата „Копнеж по реалното“ во Чифте амам

Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 јули 2013 година (понеделник) во 11 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.