(фото) Отворање на изложбата “Леб и сол” во Виена
Фотографии од отворањето на изложбата Леб и сол, во организација на Националната галерија на Македонија, која се отвори во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), на која изложуваат 12 македонски уметници. Изложбата предизвика голем интерес кај австриската публика со голема посетеност и позитивни критики од стручната фела и Министерството за образование, култура и наука на Австрија. Поради сето ова се отпочнати разговори за продолжување на идни соработки на размена на уметници […]
Гостување на НГМ со изложбата “Леб и сол” во Виена
Во организација на Националната галерија на Македонија, во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18:30 часот ќе се отвори изложбата Леб и сол, на која ќе изложуваат 12 македонски уметници. На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес. Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, […]