„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година  се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013.

mal bitolski monmartr vo mala stanica (2)

Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија.

Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана на скопската публика. Имајќи го предвид значењето на оваа изложба, ни претставува особена чест и задоволство истата ја презентираме под синтагмата „од децата за децата“.

На изложбата се изложени повеќе од 150 детски цртежи.

Изложбата „Магијата на Монмартр – Битола 2013“ ќе биде преставена пред скопската публика во период од 2 недели.

Share Button