Изложба „70 Години од првата национална поставка (1951-2021)“
Со особено задоволство Ве информираме дека на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во периодот од 1948 до […]
Поставка “(По)трагите на водата – Акварелот … “
Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место. Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни […]
„Насока“ на Исмет Рамиќевиќ – поставка
Исмет Рамиќевиќ е роден во 1960 година во Дубница, Сјеница, Србија. Дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на ДЛУМ од 1987 година. Работи како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досега реализирал 18 самостојни претставувања во Скопје, Прилеп, Пловдив (Бугарија), Ниш (Србија) и […]
Изложба на Зени Балажи – поставка
Зени Балажи е професор по Концептуална уметност на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, реализирал повеќе изложби во Европа, изработил сценографии за повеќе од 10 филмови, стотици дизајни итн… Изложбата ја сочинуваат разновидните искуства на современата уметност како што се: сликарство, видео-инсталација и презентација на сите нови мултимедијални техники на визуелната уметност. Во овој состав се опфатени новите културни и уметнички наследства, унапредувани во современа, модерна креација и визуелна техника.
“Столетие” од Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014) – поставка
Во организација на НУ Национална галерија на Македонија и Музеј МНТ при Македонскиот народен театар, во Даут-пашиниот амам е претставена јубилејната изложба Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014). На изложбата се претставени повеќе од 260 дела, меѓу кои и негови лични предмети (акварели, сепии, цртежи, карикатури, сценографски и костимографски скици, реализирани костими, нацрти на книги и публикации, но и негови портрети изработени од неговите колеги Димо Тодоровски, Димитар Кондовски и Никола – Кочо Фидановски) кои […]
Изложба “Париз, те сакам” – поставка
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) се отвори изложбата “Париз, те сакам”. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ во текот на изминатите години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз, светската метропола на уметноста.
Ивана Пирковска во Чифте амам (поставка)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов „Илузија за простор-времето“. „Тоа што човекот прво ги насочил своите очи кон небото не било само за да ја задоволи интелектуалната љубопитност. Она што човекот всушност го барал во небото бил неговиот сопствен одраз и поредокот на неговиот човечки универзум.“ Ернест Касирер, „Есеј за човекот“ Простор, време, виртуелизација и негова ликовна сензација. […]
Бурим Укиќи во Чифте амам (поставка)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам во вторникот (10 декември) беше отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата на Бурим Укиќи во Чифте амам, содржи 40-тина дела масло на платно.
„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана […]
„Тишина“ на Зоран Тодовиќ во Чифте амам (поставка)
Уметникот Зоран Тодовиќ се претстави со проектот „Тишина“, кој е во целост замислен и инспириран од импозантниот објект Чифте амам, поточно се состои од повеќе инсталации специјално осмислени за овој простор. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во […]