Изложбата „Париски рефлексии“ претставена во Офицерскиот дом во Битола

Ве известуваме дека во тек е изложбата „Париски рефлексии“, претставена во Офицерскиот дом во Битола, а организирана од Националната галерија и Францускиот културен центар во Скопје, Француската амбасада, Француската алијанса, Почесниот конзул на Франција во Битола. Изложбата има за цел да ги претстави проткајувањата на двете култури – француската и македонската – преку ликовната уметност, претставувајќи 35 дела на десетина најзначајни македонски автори од фундусот на Националната галерија, кои во своето творештво примиле влијанија, во […]

Изложба со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Во Уметничката галерија „Магаза“ во Битола на 23 јули 2015 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, и е во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура. Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската […]

„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година  се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана […]

Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува […]