Одаловиќ и Милатовиќ – поставка

Share Button

Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини.

odalovic milatovic 24

Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во просторот, кој го опфаќа централниот мотив – симплегма на човековата фигура/креатури и елементи на машинската индустрија. Некогаш се сведени на изолирани карикатурални ликови со модификувани внатрешни организми или линеарни клопчиња со кои се симулира човековиот нервен систем или крвотек. На овие дела, пред сè, до израз доаѓаат авторовите високи естетски вредности, минуциозност и исклучителна цртачка вештина.

Ратко Одаловиќ е роден на 24.11.1964 година во Граховац, Црна Гора. Основно училиште завршил во Граховац, средно училиште во Подгорица – насока уметнички дизајн. Факултет за ликовни уметности запишал во Белград 1985 година и дипломирал во класата на Живоин Турински во 1990 година. Работи како вонреден професор на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње.

Сретен Милатовиќ е роден на 01.03.1966 година во Никшиќ. Завршил Академија за ликовни уметности, оддел вајарство во Сараево, 1992 година, во класата на професорот Алија Кучукалиќ. Магистрирал во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње. Од 2009 година работи со звање доцент на Универзитетот во Источно Сараево, АЛУ-Требиње.

Share Button