Простори на конјункција во Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Истанбул, Турција
После Софија и Белград, трета дестинација на патувачката изложба „Простори на конјункција“ е градот на Босфор, Истанбул. На 8 октомври 2025 директорот на Културно информативниот центар Диме Ратајковски и директорот на Националната галерија Али Синани, во 19 часот, во просторот на Центарот, ќе ја отворат изложбата. Проектот „Простори на конјункција“ ја утврдува уметноста како динамичен простор во кој интимните, лични фрагменти се преплетуваат со колективните мемории и културни матрици како театар на тензија и симбиоза. […]
Изложба „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025” на Љупка Делева
По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка Љупка Делева го презентира својот најнов проект „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“, кој има ретроспективен и критички карактер. Изложбата е мултимедијален архив на нејзиниот творечки опус, вклучувајќи фотографии, видеа, перформативни акции, акварели, цртежи, интервенции и други визуелни експерименти. Особено значајно е тоа што голем дел од овие проекти се прикажуваат за прв пат пред домашната публика, отворајќи простор за комплексна визуелна и концептуална анализа […]
Концептот „Патување“ (проект – изложба) на Калиопи Трпчева во Мала станица
Концептот на „Патување“ (проект – изложба) на Калиопи Трпчева е прикажување на уметниковите чувства преку ликови – портрети и фигури, а воедно е и експериментирање на мешавина од материјали, каков што е колажот и во сликите и во илустрациите. Изложбата ќе се отвори на 11 септември во 20 часот, во Мала станица. Насловот на изложбата – „Патување“ – сам по себе сугерира симбиоза на најважните вредности во животот, како и во уметноста. Со своите дела, […]
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2025
Врз основа на член 3, член 5, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19, 14/20 и 208/24), член 77-а став 1,2 и 5, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г, член 77-ди член 77-ѓ од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, […]
Изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“
Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата. Претставувањето на аквизициите и донациите е редовна пракса во светските […]
Inter Spem et Metum на Славица Јанешлиева
Со особено задоволство Ве информирме дека на 19.06.2024, четврток, во 20.30 часот во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе го отвориме и промовираме за македонската јавност – македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024, т.е. проектот Inter Spem et Metum на уметничката Славица Јанешлиева. Како потсетување: трансмедијалниот и транснаративен проект INTER SPEM ET METUM на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис […]
„Зошто Бостание?“ каталог
Почитувани, Во јуни 2024 година во Националната галерија беше реализиран еколошкиот проект поврзан со општествено урбаната градина БОСТАНИЕ под наслов „Зошто Бостание?“. Глобалната еколошка криза – климатските промени, нарушената рамнотежа и загадувањето на еко системот, е реалност на современото општество. Од година во година проблемите се повторуваат, напластуваат, се појавуваат нови и се чини дека се подлабоко навлегуваме во еден маѓепсан круг од кој нема враќање назад. Оттука се јави и потребата да на едно […]
ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2025
Врз основа на член 3, член 5, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19, 14/20 и 208/24),… член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, […]
Ретроспективна изложба на Анета Светиева
И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи […]
СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството
Националната галерија на Р. С. Македонија во соработка со галеријата Art Project Space ја претставуваат меѓународната групна изложба со жени – уметнички од Македонија, Грција, Србија и Кипар, под наслов Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството. Изложбата, најнапред ќе биде отворена во галеријата Art Project Space, во вторник, 13 мај, од 19:00 до 22:00 часот и ќе трае до 6 јуни 2025. Во октомври, изложбата ќе биде презентирана на македонската публика, а делата ќе […]