Изложба на Евгенија Демниевска во Чифте Амам
Ретроспективна изложба на македонската уметница Евгенија Демниевска насловена „Метаморфози на линијата“ ќе се отвори на 5 октомври во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам. Изложбата ќе трае до 29 октомври. Демниевска рече дека ќе бидат изложени меѓу 50 и 60 уметнички дела кои го прикажуваат нејзиниот пат од почеток, од студентските денови, до тоа што го прави сега. – На оваа изложба се избрани делата кои прикажуваат како се развивала идејата […]
Самостојна изложба на Евгениј Пантев во Мала станица
Националната галерија на Македонија на 3-ти октомври (вторник) ќе ја претстави самостојната изложба на графичарот Евгениј Пантев во објектот Мала станица. Отворањето на изложбата е со почеток во 20 часот. Своето богато ликовно творештво несебично го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава, над 100 национални и меѓународни групни графички изложби, биенални и триенални во Македонија, Бугарија , Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција,Турција, Шпанија, […]
„Урбани документи: пејзаж – слика – предел“ во Мала станица
Годинава, повеќе од триесет европски земји ќе се приклучат на одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“ во знакот на заедничката тема „Природата и културното наследство“. Во рамките на оваа општа тема планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.Настаните по повод манифестацијата ќе се одвиваат во периодот од 15 до 22 септември. Националната галерија на Македонија ќе реализира настан во рамките на оваа европска иницијатива и ќе земе учество на манифестацијата со тематска изложба „Урбани документи: […]
Јавна дебата на НГМ со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“
На 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, се одржа јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“. Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од објектите во составот на Националната галерија на Македонија. На оваа јавна дебата учествуваа 12 панелисти и тоа: д-р Дита Старова […]
Уметничка фотографија на Мимоза Велиу во Чифте амам
Вo Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември 2017 година (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба на Мимоза Велиу со насловУметничка фотографија. Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната […]
„Од традицијата“ изложба на Решат Амети
Изложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими. Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски. Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ […]
Хелидон Ѓерѓи во Чифте амам
Во вторник (1 август) во Чифте амам во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на албанскиот уметник Хелидон Ѓерѓи. Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и се стекнал со диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во […]
“Theoria” изложба на Зоран Попоски во Мала станица
На 15 јуни 2017 година (четврток), во Националната галерија на Македонија, мултимедијален центар Мала станица, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Зоран Попоски под наслов “Theoria”. Интердисциплинарниот македонски уметник Зоран Попоски својот најнов проект насловен “Theoria” го базира врз принципите на повеќеслојното истражување во доменот на културните и општествените теории и практики, поставувајќи се себе си како аналитичар и критичар на мноштво теми кои се однесуваат на идентитети, територија, јавен простор итн. […]
Европска ноќ на музеите 2017
Националната галерија на Македонија оваа година е дел од европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година. Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители. Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а […]
Одбележување на Светскиот и Европскиот ден на музеите
Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај – Меѓународниот ден на музеите“. Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ (Museums and contested histories: Saying the unspeakable in museums). Оваа тема се фокусира на улогата на музеите кои, работејќи за […]