,,Интимност и интерконекција” – Зимски салон 2024 на ДЛУМ

Share Button

„Зимски салон 2024“ со годинешна кураторска тема ,,,Интимност и интерконекција” биенална изложба како дел од програмските изложби и проекти на ДЛУМ.

Една од традиционално најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.

Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз.

Оваа 2024 година, селектор на дела е г-ѓа Оксана Карповец, кураторка од Украина чиј концепт “Интимност и интерконекција“ (“Intimacy and Interconnection”) претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со оваа тема во различни ликовни медиуми.

Селективноста на изложбата од куратор со значајно интернационално реноме овозможува во просториите на Националната галерија, во објектот „Чифте Амам“ да се изложат дела со висок квалитет.

Share Button