Националната галерија втора година по ред „Сајт на годината“ во категоријата владини/државни институции

Share Button

Националната галерија продолжува со успеси и заокружување на оваа тешка година полна со предизвици, на убав начин.

 
Нашиот веб сајт https://nationalgallery.mk/ втора година по ред победува на манифестацијата Сајт на годината, повторно во категоријата владини/државни институции, одличје со кое се закитивме за 2019 и 2020 година.
 
Благодарност до Media Solutions и самата манифестација Сајт на Годината powered by MediaSolutions.
 
Благодарност за сите за поддршката, за сите вработени во Институцијата, и секако за Александар Ристевски кој повеќе од 10 години ја ажурира и надградува веб страницата на Националната галерија и сите социјални медиуми, кои се лицето на Институцијата пред пошироката јавност.
 
Благодарност за директорката Dita Starova Qerimi која ги препознава и поддржува сите позитивни иницијативи, за наш постојан раст и надградување во континуитет.
Share Button