Отворање на изложбата на Зоран Тодовиќ во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 19 септември се отвори самостојна изложба на авторот Зоран Тодовиќ (Србија), со наслов „Тишина“.
Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во Чифте амамот.