Самостојна изложба на Надја Розева во Чифте амам

Share Button

На 11.04.2024 година, четврток, во 19:30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Надја Розева. На изложбата ќе бидат прикажани медални скулптури создадени во различни периоди, како и други дела на авторот. Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година.

Националната галерија за прв пат ќе ги претстави уметничките медали на светски познатата медалистка Надја Розева. Изложбата е прва од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста кон овој жанр на уметничка дисциплина.
Медалот започнал да се изработува како независна форма на уметноста во 15 век, при што италијанскиот сликар Пизанело (околу 1395-1455) се смета за негов татко. Медалот нема парична вредност, но историски е поврзан со монетите. Медалот е уметност за допирот на раката. Се колекционира низ целиот свет и од приватни колекционери и од музеи и галерии, а најголемите колекции се наоѓаат во Британскиот музеј, музејот “Викторија и Алберт”, Музејот на историјата на уметноста, Виена, Националната галерија на уметноста, Вашингтон и многу други.
Надја Розева е ученичка на проф. Богомил Николов, кој е почесен доктор на Националната академија на уметности (НХА) во Софија и добитник на најпрестижната светска награда за медални скулптури на Американското нумизматичко здружение „Салтус“. Розева започнува да работи со медали пред повеќе од 20 години по завршувањето на постдипломските студии по маркетинг на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, САД. Во 2003 година била поканета да учествува на работилницата за медали на проф. Николов во студиото за медална скулптура на Националната академија на уметности. Работела на далечина под негов надзор неколку години, а потоа магистрирала на одделот „Метал“. Има неколку специјализации за Издаваштво на Универзитетот во Њујорк – New York University (2000), Културна дипломатија (International Institute for Cultural Diplomacy), Берлин (2015), Културен менаџмент на Виена Унивезитат – Wien Univesitat (2019).
Во текот на времетраењето на изложбата, Надја Розева ќе има презентација и ќе одрши предавање за жанрот на уметничкиот медал, како и ќе одржи работилница со студенти од различни универзитети.
Делата на Надја Розева се откупени за постојаните збирки на Британскиот музеј во Лондон, Кралскиот кабинет за монети, Стокхолм, Шведска, музејот Берген на Универзитетот во Берген, Норвешка, Националната уметничка галерија, Софија, Бугарија, Музејот на монети и Медали во Кремница, Словачка итн.
За време на првиот карантини во времето на епидемијата, Розева напиша сценари и го продуцираше краткиот документарен филм „Медалот“, кој исто така ќе биде прикажан на изложбата. Филмот има за цел да ја запознае јавноста со уметноста на медалот, што е нејзина мисија во изминатите 20 години.
Престижниот меѓународен филмски фестивал „Master of Art “ го избра филмот „Медалот“ за отворањето на неговото пролетно издание во 2021 година. Надја Розева е автор и на големата награда на бугарскиот филмски фестивал „Златна роза“ на Националниот филмски центар. Како бижутер таа ги создаде сребрените брошеви за Women’s Business Forum на списанието Forbes (2022, 2023), сребрениот брош за поддршка на жените жртви на семејно насилство на Фондацијата Emprove (2023) итн.
Надја Розева е автор на повеќе самостојни изложби и бројни учества на групни изложби во Сејшели, Софија, Колорадо Спрингс, Медисон, Њу Хевен, Темпе, Глазгов, Лувен, Отава, Токио, Фиренца, Братислава, Кремница итн.
Таа е член на ФИДЕМ – Меѓународната федерација на уметнички медали, како и почесен член на Словачкото здружение за медали.
 
Share Button