Свечено отворање на изложбата на Демир Бељуљи
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот се отвори изложба на Демир Бељуљи. Во присуство на бројната публика, изложбата ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши. Изложбата е во организација на Скопско лето 2013.
Демир Бељуљи изложува во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот ќе се отвори изложба на Демир Бељуљи. Ликовниот паноптикум во кој се изразува Белули опфаќа разнородни ликовни тематики и жанрови, а медиумите во кои ги овоплотува својата замисла и концепт се разнородни техники од молив, темпера, акварел, туш, јаглен, маслена боја и слично, кои ги владее на достојно ниво. Во поглед на сижејните преокупации, треба да се нагласат неколку […]