Меморандум за соработка помеѓу НГМ и Национална галерија на Косово

Вчера, на 22.02.2016 година беше реализиран работен состанок помеѓу директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и в.д. директорот на Националната галерија на Косово, г-динот Зени Балажи. На средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу овие две сродни институции од регионот. Со овој чин се официјализираше соработката која ќе се одвива на неколку различни нивоа, како: реципрочна размена на квалитетни уметнички содржини, индивидуални уметнички проекти, концепциски изложби, споделување на вредни гостувачки меѓународни […]

Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, Кина

Вчера, (четврток, 28 јануари) во просториите на мултимедијалниот центар Мала станица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, од Народна Република Кина. На средбата помеѓу претставниците на двете институции се искажа подготвеност за продлабочување на соработката, културна размена со Уметничкиот Музеј во Нингбо, Народна Република Кина на база на реципрочна соработка, размена на идеи, искуства, знаења, уметност, уметници и друго, со цел запознавање одблиску со културата […]