„Трилогија: Под површината има уште една површина“ – Изложба на Дриант Зенели во Чифте амам
Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ е мултимедијален и интердисциплинарен проект на познатиот албански уметник Дриант Зенели, кој се состои од три видеа (инсталации), цртежи, ready-made објекти и просторни инсталации. Елементот што ги поврзува филмовите е минералот хром. Во едно од видео-делата со наслов „Не би било возможно да се напушти планетата Земја доколку не постои гравитација“, Зенели работи со идејата за утопии и дистопии од минатото, но и од сегашноста. Зборува […]