Изложба на Ешреф Ќахили
Почитувани, Ве информираме дека на 5 ти декември 2023, со почеток во 19 часот, во импозантниот објект од исламската профана архитектура Чифте амам, при Националната Галерија, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина (Република Косово). Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена Музеј на Детството. Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос. Ешреф Ќахили е роден […]