Од отворањето на изложбата FLUX IDENTITY
На 10 февруари 2021 година, во објектот Чифте амам, Националната галерија официјално ја започна програмата за тековната година со меѓународен проект наслов „Flux Identity“ На отворањето на изложбата д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија, им се заблагодари на Канадската амбасада и на невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија, со чија соработка се реализира оваа изложба. Особена благодарност изрази кон Анета Пешева, почесен конзул на Канада. Истакна дека соработката со Амбасадата е долгогодишна […]
FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од РС Македонија во Чифте амам
Националната галерија годината ја започнува со меѓународна изложба, по една година одложување на меѓународните проекти заради состојбата со пандемијата на Ковид 19, со изложбата FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од РС Македонија. Организацијата е во соработка со Канадската Амбасада и невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија. Отворањето ќе се случи во среда, 10 февруари 2021, во 19 часот, објект Чифте амам. На изложбата FLUX IDENTITY, динамичен дијалог на […]