Јубилејна изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“

НУ, Национална галерија на Република Северна Македонија има особена чест и задоволство да ја најави Јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“ која ќе се отвори во објектот Чифте амам, на 03.11.2021, со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат претставени 50тина дела (икони и слики) од сите творечки фази на авторот. Истите се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите Св. Пантелејмон, Св.Спас, Св. Димитрија и Успение […]