Изложба на Гордана Вренцоска Неизложено: моите споредни приказни

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 октомври 2016 година, во 20 часот ќе се отвори изложба на Гордана Вренцоска со наслов Неизложено: моите споредни приказни. Во eрата на сеопшта изложеност и откривање на приватноста, широкиот свет на уметникот e сепак најмногу видлив низ потесната призма на неговите јавно изложени дела. Но, како е да се изложат „споредните приказни“ од возбудливиот и непрекинат уметнички процес? Неизложено: моите споредни приказни е составена од […]