Изложба на Илија Аџиевски – „Портретот во фокус“

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Истата ќе биде отворена во четврток (27 октомври 2022) со почеток во 19 часот, во објектот Даут пашин амам.  Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната […]