„Насока“ на Исмет Рамиќевиќ – поставка

Исмет Рамиќевиќ е роден во 1960 година во Дубница, Сјеница, Србија. Дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на ДЛУМ од 1987 година. Работи како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досега реализирал 18 самостојни претставувања во Скопје, Прилеп, Пловдив (Бугарија), Ниш (Србија) и […]

Изложба на Исмет Рамиќевиќ во Чифте амам

На 28 октомври 2014 година (вторник), со почеток во 20 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе биде претставена самостојната изложба на Исмет Рамиќевиќ под наслов „Насока“. При лоцирањето на местото на Исмет Рамиќевиќ во одредени рамки на историјата на современата македонска уметност, како неизбежна одредница ја посочуваме секако неговата припадност на генерацијата што почнува да создава на оваа почва во осумдесеттите години и што ја дефинира македонската […]