Изложба „Неименуваното е одговор“
Живееме во време во кое изборот и начинот на кој се прикажува минатото е од клучно значење за демократизацијата на современото општество. Историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување. Дали нашите животни и професионални заложби ќе ги водиме во потенцирање на јавното, заедничкото и развојот или кон сè поголема индивидуализација и раст, типична за денешниот глобален капитализам, зависи и од тоа и како го вреднуваме минатото и од […]