Проекција на видеоинсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ
Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај, во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект – видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”, 2023) оформен врз основа на ликовната подлошка […]