„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.