Изложба на Кристина Пулејкова во Чифте амам

Изложбата „Свадбен пат“ на авторот Кристина Пулејкова, ќе се отвори во четврток (19 декември) со почеток во 19 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Скопската чаршија. За изложбата кураторот на истата, вишиот кустос Ана Франговска, вели: Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно […]