Чудесните илустрации на Кондовски се празник за детските сетила
Во просториите на Националната галерија, објект Мала станица, беше отворена изложба на илустрации од Димитар Кондовски. Националната галерија деновиве беше обвиена со духот на радоста на детската илустрација на великанот на современото сликарство. Воедно чудесните илустрации претставуваат и своевиден празник за детските сетила, за нивниот богат имагинативен свет. Токму изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвуваме, истакна директорката на Националната галерија, Старова-Ќерими. -Во далечната 1992 паметам како мојот […]